Ахмети: Албанците масовно ќе одговорат на референдумот

521

Албанците масовно ќе одговорат на референдумот, рече лидерот на ДУи Али Ахмети во интервју за телевизијата Алсат.

Тој очекува и албанската дијаспора да се вклучи во гласањето на референдумот за Договорот за решавање на спорот за името.

– Дијаспората е одговорна и свесна за да учествува и ќе се организира активно да биде учесник на референдумот за да ја запечати евроатлантската иднина на нивната земја и држава – рече Ахмети.

На прашањето дали очекува масовно учество на Албанците од дијаспората на референдумското изјаснување, Ахмети, повикувајќи се на поддршката од над 90 проценти за стратешките цели, вели дека несомнено оти Албанците масовно ќе одговорат на референдумот за да се зачлени нашата земја во ЕУ и НАТО.

– Мислам дека политичките партии ќе работат, ќе ги мотивираат за да се организираат Албанците со цел да се дел од овој процес. Ова е незапирлив процес кој ќе продолжи и понатаму, бидејќи луѓето бараат подобар стандард, подобри животни услови, работни места – вели лидерот на ДУИ.

Лидерот на ДУИ рече дека се уште не разговарале дали ќе има заедничка кампања со СДСМ и коалициските партнери за референдумот, но како што вели, за вакво важно прашање не треба да има поделби.

Во однос на добиенот датум за преговори, оцени дека тоа е важен момет за Република Македонија.

– Ова е многу важен момент за РМ, ова е многу добра можност до јуни следната година да се направат и тие работи, односно да се дојде до тие стандарди кои се неопходни за членство во ЕУ – рече Ахмети.

Одлуката за препорака за датум за преговори, според него е одлука на компромис имајќи разбирање за тие две земји кои не дадоа зелено светло, туку „портокалово светло на семафорот“.

– Но, според мое и мислење на многу политичари, практично Република Македонија ги започнува преговорите со ЕУ  – рече Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...