Ахмети: Ако не се расветли „Монструм“ може да има последици

692

Побаравме повторување на случајот „Монструм“ затоа што судовите и обвинителството беа многу ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација вклучително и семејатвата кои ги изгубија своите во овој трагичен настан, но и тие што беа осудени, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по сведочењето за случајот „Монструм“.

– Ние силно баравме случајот да се повтори со докази со меѓународно мониторирање. Побаравме и од Брисел и од Вашингрон овој процес да се монирира. И Брисел и Вашингтон ни дадоа став дека веруваат во мониторингот од ОБСЕ и над се ние сакавме вистината да излезе на виделина, оти само така може да најдат мир тие што ги изгубија своите најмили и да одговара тој што го сторил делото. Да нема селективна правда. Вакви случаи не примораа да размислуваме за ветинг во судството. Јас не можам да судам додека трае судскиот процес дали тој ќе биде правичен – изјави Ахмети.

Тој додадае дека очекува судот да го расветли случајот.

– ДУИ плати висока цена, сите не обвинуваа дека ние сме актери, дека сме поврзани со случајот. Затоа никој повеќе од нас не сака да се расветли случајот оти ние ја плативме политичката цена – рече Ахмети.

На прашање со кого разговарале за да има повторување на случајот, лидерот на ДУИ рече дека разговарале со политички авторитети оти партиите имаат одговорност да ја менаџираат ситуацијата.

– Нашата проценка беше дека судењето за „Монструм“ мора да се повтори со билошки и материјални докази, транспарентно за целата јавност зато што е навистина трагичен случај и ако не се расветли така како што треба може да има последици. Затоа што некој бара ова да го искористи во најлоши цели за двете страни да ги стави во конфликт – рече Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...