Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ги продолжува контролите на терен е решена до крај да го расчисти случајот со генетски модифицираниот ориз во Кочанско. Директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов, денеска изјави дека имаат список од 30 можни производители на генетски модифициран ориз и сортата на тој ориздобиен од генетски модифицирано семе кои ќе бидат проверени.
– Имаме сознанија која е сортата на ориз и имаме список на лица кај кои може да се најде. Денеска екипите се повторно на терен. Детаљно ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни кај кои ќе се појде. Тоа ќе се реализира во соработка со Управата за семе и саден материјал при МЗШВ – изјави Атансов, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Стопанската комора за измените на Законот за ветеринарни лекови.
По контролите и утврдувањето на производителите, додаде Атанасов, ќе се преземат законски мерки.
Атанасов информира и дека се контролира и увозот, се е подготвен и план за контрола на идната реколта.