Африм Гаши на маса со советникот на Бил Клинтон

337

Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, денеска во седиштето на партијата се сретна со поранешниот советник на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, Јенс Хелмут Фридрих.

„На средбата се разговараше за можностите и за условите на странските инвестиции во земјата, каде што претседателот Гаши се заблагодари на поранешниот американски советник Ј. Хелмут Фридрих, за неговата улога и придонес во економскиот развој на земјата“, наведено е во партиското соопштение.

Фото: Алтернатива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...