Аутоклуб: За транзит низ Прилеп, „Пивофест“ наплаќа 60 денари

2657

Откако почна „ПивоФест 2019“ на влезовите во Прилеп, како и на транзитните точки поставени се бариери на кои се наплаќа доколку сакате да влезете, но и да поминете низ Прилеп со цел да стигнете до вашата дестинација која не е во градот, пишува порталот Аутоклуб.мк

– Им објаснив дека патувам во Македонски Брод и ги прашав од каде треба да одам за да не платам, но тие арогантно одговорија дека мора да платам за да поминам и дека нема друг начин. Не ми значеа ништо 60те денари во споредба со нивното дрско однесување – вели револтиран читател на Аутоклуб.

Градоначалникот Илија Јованоски денеска на прес-конференција изјави дека паркирањето ќе започне од периферијата кон централното градско подрачје без при тоа да се наведе дали оние кои транзитираат треба да платат или да се движат по друга рута, наведува порталот Аутоклуб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...