Аукција на одземени луксузни автомобили од синот на претседателот на Гвинеја

466

Аукциска куќа во Швајцарија треба да продаде 25 луксузни автомобили, меѓу кои неколку ферари, ролс-ројс и ламборџини, кои беа запленети од страна на властите во Женева од синот на претседателот на Екваторска Гвинеја за време на истрага во врска со „перење пари“.

Швајцарските власти соопштија дека продажбата се очекува да достигне околу 18,5 милиони швајцарски франци, додека средствата ќе одат во добротворни цели во Екваторска Гвинеја.

Аукцијата беше организирана откако Обвинителството во Женева во февруари објави дека го затворила случајот против Теодор Нгуем Обианг Мангу, син на повеќедеценискиот државен претседател Теодор Обианг и уште две лица, по истрагата за „перење пари“ и лошо управување со јавните средства.

Швајцарските власти ги запленија автомобилите и една јахта во 2016 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...