Аудио снимките на Нинџа се незаконски прибавени, тешко дека ќе одекнат во судница

1257
ФОТО: МИА

115 аудио снимки на обвинетиот за 27 април Александар Василевски Нинџа најверојатно нема да се пуштаат во судница.

– Тешко дека ќе може да бидат прифатени со оглед дека се прибавено на незаконит начин – рече судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште посочувајќи му пример дека може и со неа да зборува, па да му текне да ја снима.

Но, сепак, официјалната одлука ќе се соопшти на утрешното рочиште.

На претходното рочиште, Нинџа овие снимки, како и 20 фотографии, ги предложи како дополнителни докази за кои рече дека го поткрепуваат неговиот исказ пред судот. Истите рече дека ги дал и во обвинителството кога се предал на полицијата.

Нема да се изведува ниту дополнителниот доказ на Мунир Пепиќ, бидејќи станува збор за класифициран документ на Агенцијата за разузнавање, од каде рекле дека не можат да направат декласификација.

На денешното рочиште требаше да се изведуваат дополнителни докази на Митко Чавков за кои МВР направи декласификација. Меѓутоа, прво адвокатот на Чавков, Сашо Дуковски бараше пауза за да може да ги види доказите, бидејќи денеска ги примија, а по паузата повторно приговараше дека не може да ги прегледа и да направи споредба со предложената листа на докази.

По неколку минути расправија со судијката Добрила Кацарска, таа го праша колку време ќе им треба за да ги средат доказите, а тој и одговори дека нема претстава, бидејќи станува збор за обемни докази и секој од нив треба да го прегледаат дали одговара со листата која ја барале.

– Со оглед дека овој совет вложи многу напори за овој предмет и со оглед на тоа дека од август до денеска јас со двајца стручни соработници сме седум дена на работа во просек по 15 часа дневно, нема да дозволам никакви игри да поминат во оваа судница за да се направи повреда во предметот – рече Кацарска по што го одложи судењето за утре.

Утре ќе се изведат дополнителни докази, по што веќе од наредната недела ќе се започне со завршни зборови.

Повеќе од денешното рочиште:

Пратеникот Арнаудов: Изјава давам за 50 евра

Игор Југ разлутен им се обрати на пратениците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...