Бројот на Швеѓаните кои купуваат аудио-книги, за само две години се зголемил речиси двапати: во 2016 година тој изнесувал 20 отсто од вкупното население, а изминатата 2018 година – 37 отсто. Истражувањата покажуваат дека тој раст најмногу се должи на новиот тренд – Швеѓанките сѐ повеќе сакаат да ја искусат сензуалната аудио-книжевност.
– Меѓу слушателите, расте побарувачката на жанровите романтика, т.н. „лимонади” и еротика. На тоа всушност и се должи зголемениот број слушатели, како и пораст на бројот на издавачи кои објавуваат вакви книги – изјави Ана Риклунд, менаџер во продукцијата за аудио-книги „Букбит”.
Поради тоа, некои компании веќе почнаа да се преориентираат само кон тие жанрови. Една од нив е Форлаг.
– Поинтимно е. Не мора да седите со корицата која што на сите им покажува што читате. Вака, никој не знае што слушате – рече нивната маркетинг менаџерка, додавајќи дека најпопуларни книги се оние напишани на експлицитен начин и кои содржат многу секс.