„Атомиумот“ прослави 60. роденден

169
epa06411853 Fireworks light up in from of Atomium Monument to celebrate the arrival of the new year 2018, in Brussels, Belgium, 31 December 2017 EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Познатиот бриселски споменик „Атомиум“ оваа година одбележува 60 години постоење, а по тој повод ќе се одржат повеќе манифестации.

Делото е изградено за Светската изложба од 1958 година во Брисел, а надворешниот изглед го дизајнирал Андре Ватеркејн, додека ентериерот е дело на Андре и Жан Полак.

„Атомиумот“ е висок 102 метри и е изграден од не’рѓосувачки челик, а композицијата од девет сфери, односно атоми поврзани меѓусебе, формира молекул на железо зголемен 165 милијарди пати.

Во текот на мај по повод изградбата на споменикот ќе се одржи изложба со наслов „Галаксија 58“, музички фестивал, пазар на антиквитети и дефиле на автомобили од доцните педесети. Ќе биде издаден и стрип посветен на „Атомиумот“.

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...