Атлетико Мадрид ја повика шпанската фудбалска лига да не го регистрира Антоан Гризман како играч на Барселона за новата сезона, потврди претседателот на штабот Хавиер Тебас.
„Јорганџиите“ протестираат поради трансферот на напаѓачот, кој премина на „Камп Ноу“ по активирањето на неговата клаузула за откуп од 120 милиони евра. Износот за кој станува збор стана активен по 1-ви јули, но Атлетико тврди дека Каталонците започнале преговори и склучиле договор со фудбалерот долго пред тој датум.
Поради оваа причина, „црвено-белите“ претендираат да добијат 200 милиони евра, колку што е клаузулата пред почетокот на овој месец.
– Атлетико се обрати кон нас со ова барање. Можно е Гризман да не биде пријавен, но тоа треба да го решат соодветните луѓе, кои се занимаваат со случајот. Не можам да кажам што ќе се случи – рече Тебас за „Онда Черо“.
ФОТО: EPA / Andreu Dalmau