Европа Aтлетико Мадрид ќе прибере 26.6 милиони евра, ако победи во финалето на Лига Европа против Олимпик Марсеј.
Атлетико Мадрид ќе заработи 6.5 милиони евра, ако успее победи против Французите во финалето. Пораз во него ќе значи дека „црвено-белите“ ќе загубат три милиони евра, бидејќи во клупската каса ќе влезат само 3.5 милиони евра.
Она што Атлетико Мадрид веќе си го обезбедил е 1.6 милиони евра од полуфиналето во турнирот, еден милион од четвртфиналето, 700 илјади евра од осминафиналето и 500 илјади евра од шеснаесет-финалето.
Атлетико Мадрид може да добие максимум 10.3 милиони евра од Лигата на Европа. На тоа треба да додадеме 16.3 милиони евра во касата на клубот од учеството во групната фаза од Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид заработи повеќе од 50 милиони евра во сезоната 2013/14 кога играше во финалето на Лигата на шампионите. Во 2016 година тимот повторно играше финалето на турнирот, кое повторно го загуби од Реал Мадрид. За време на таа кампања, „јорганџиите“ за учеството собраа 69.565.000 евра.