Атлетико го задржа Арсенал во Лондон, Марсеј на чекор од финале

Тимот на Атлетико Мадрид ќе си замине задоволен од Лондон, откако го задржа Арсенал на 1:1 во првиот полу финален дуел од Лига Европа.

76

Тимот на Атлетико Мадрид ќе си замине задоволен од Лондон, откако го задржа Арсенал на 1:1 во првиот полу финален дуел од Лига Европа. Тимот од Мадрид речиси цел натпревар играа со играч помалку откако Шиме Вршаљко беше избркан по втор жолт картон.

Головите на Емирати ги постигнаа Александар Лаказет (61) за домаќините и Антоан Гризман (82) за гостите.

Реваншот ќе биде на Ванда Метрополитано. Шпанскиот тим важи за фаворит.

Олимпик Марсеј го направи првиот чекор до финалето на Лигата на Европа. Вечерва францускиот тим победи со 2:0 во првиот полуфинален натпревар со Ред Бул Салцбург на нивниот „Велодром“ и ќе солидно водство пред реваншот во Австрија.

Сепак, Марсеј имаше среќа, бидејќи при првиот гол на Флоријан Товен во 15-тата минута имаше игра со рака, што очигледно остана незабележано од судиите.

Потоа Клинтон Н’Жие го зголеми резултатот во 63-тата минута по прекрасен напад.

Во 77-та минута гредата им помогна на домаќините по ударот на Фредрик Гилбрендсен одблизу.

Сепак, Олимпик повторно не дозволи гол во натпревар против австриски ривал и ја забележа првата победа над Салцбург во овогодинешното издание на Лига на Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...