Атиџе од документарниот филм „Медена земја“ се подготвува за доделувањето на најпрестижните филмски награди „Оскар“ во гламурозниот Холивуд.
„Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и ѝ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и на Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и со еден куп импресии“, напишаа на својот профил на Фејсбук од фризерското студио „Ив“.