Снимателот на „Медена земја“, Самир Љума, на Твитер објави видео од Атиџе Муратова на кое се гледа како таа става автограм на постерот од филмот.
– Како на пасош – ѝ вели Љума на Атиџе.
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот.
„Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.
Atidze Muratova signing Honeyland poster AT #DocuDayLA pic.twitter.com/Pah7waStM7
— Samir Ljuma (@chkrap) February 8, 2020