Атинскиот градоначалник утре ќе го посети Скопје

434

На покана на неговиот скопски колега, Петре Шилегов, атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис, утре ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 – годишнината од скопскиот земјотрес во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

„Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, утре, петок 22 јуни ќе биде во Скопје, по покана на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за да присуствува на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и одлучувачкиот придонес и на грчки научници и експерти во повторната изградба на градот“, соопштија од кабинетот на Каминис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...