Атила Реџепи е шеф на централниот штаб на ДУИ за референдумот, конгресот ќе почека

Највисокиот партиски орган ќе дебатира за организацијата на кампањата за референдумот и за одложување на конгресот на ДУИ.

569

Лекарот Атила Реџепи едногласно е избран да биде шеф на Централниот штаб на ДУИ за кампањата за референдумот на Централното претседателство на интегративците, потврдија од ДУИ.

Реџепи е член на претседателството на ДУИ и поранешен претседател на тетовскиот разгранок на партијата. Задача на Реџепи е организација на општинските и локалните штабови на партијата за претстојниот референдум.

Од партијата информираат дека на 31 август ќе заседава и највисокиот партиски орган помеѓу два конгреса – Генералното собрание на ДУИ.

Највисокиот партиски орган ќе дебатира за организацијата на кампањата за референдумот и за одложување на конгресот на ДУИ. Висок партиски функционер вели дека Конгресот ќе се одложи сѐ до целосното заокружување на процесот на имплементација на Договоро од Преспа, заклучно со усвојувањето на уставните амандмани од Договорот за името во Собранието.

Ова би значело дека партискиот конгрес се поместува за крајот на годинава или за почетокот на 2019 година.

Пратеничката група на ДУИ му одговори и на претседателот на Собранието Талат џафери дека ќе учествува во кампањата за референдумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...