Атентаторите на Мадуро: Сега не успеавме, ама прашање на време е

960

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска преживеа обид за атентат со дронови. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив.

Одговорноста за нападот ја презема тајното венецуелско движењенаречено “Soldados de Franelas”.

„Операцијата се состоеше од лет на два дрона кои беа наполнети со експлозив C-4 до претседателската трибина. Снајперистите на почесната гарда успеаја да ги соборат дроновите пред да стигнат до метата. Овој пат тоа не успеа, но само е прашање на време“, напиша групата на својот Твитер профил.

Во нападот беа повредени седум војници.

Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...