Атанас Кировски од Телма бара медиумски рекет!

2160

Атанас Кировски, поранешен новинар и директор на Телма телевизија, јавно потврди дека националните телевизии се пропаганден сервис на секоја власт. Денеска ѝ сугерира на Владата да им дале пари за медиумска пропаганда, инаку ќе им пропаднел референдумот.

Ова со други зборови се вика медиумски рекет – дајте ни пари ако сакате да ви успее референдумот! А јавниот интерес каде остана?!

Овие медиуми беа и останаа најсилен столб на заробената држава, затоа што освен служење на партиски и политички интереси, друго не знаат да работат. Не знаат да водат медиумски бизинис во капиталистичко општество, за нив времето запрело во Сојузот на комунисти!

Мил мој Саки, референдумот нема да пропадне поради немање на медиумска пропаганда, туку може да пропадне поради немање јасна стратегија од владата како да им објасни на граѓаните зошто треба да го поддржат договорот со Грција.

Кировски лаже кога тврди дека само 15 посто од граѓаните се информирале од социјални мрежи. Истражување на мислењето на публиката од АВМУ во декември 2017 покажува дека 54 посто од граѓаните надневна основа се информираат од интернет, а 60 посто од телевизиите.

Саки, читај малку, информирај се!

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...