Косово ќе треба да даде добри аргументи за тоа врз основа на кои стандарди воведе забрана за увоз на компир и мед од земјава, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов откако косовските власти веќе две недели не дозволуваат увоз на овие производи како одговор на забраната за увоз на икра во земјава.
– Македонскиот мед ги има сите европски сертификати за извоз во Европската унија, а на неколку дена и компирот треба да добие дозвола за извоз во ЕУ, затоа нашата страна ќе побара објаснување од Косово кои се причините да се забрани увоз на мед и компир – рече Атанасов.
Атанасов вели дека мора да се работи според меѓународните правила, кои во овој случај Косово не ги почитува.
Ова во текот на утрешниот ден ќе ѝ се предочни на косовската страна на разговорите меѓу претставници од двете земји.
Косово се повика на договорот од ЦЕФТА при донесувањето на забраната.
Атанасов не одговори дали македонската зтрана ќе воведе контрамерки.
Во Косово годишно се извезуваат до 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредоност од околу 400.000 евра годишно.