Атанасов: Им ги враќаме универзитетите на професорите и на студентите ВИДЕО

Тој потенцираше дека со законот се создадени услови државните универзитети вистински да се реформираат, не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку подемократско и потранспарентно управување.

255

Со новиот Закон за високо образование универзитетот што досега свесно беше ставен на маргините на општеството, повторно станува важен дел на системот. Ја обезбедуваме уставно загарантираната академска слобода, достоинство на професорите и на студентите и го враќаме угледот на универзитетот, порача пратеникот на СДСМ Петар Атанасов.

– Три основни начела се вградени во новото законско решение: почитување на автономијата на универзитетот, дизајнирање на нов начин на управување со универзитетот, како и решавање на суштинските прашања, квалитетот и финансирањето во високото образование. Универзитетите, преку овој закон, им се враќаат на професорите и на студентите, без можност за дневно – политички влијанија во спроведувањето на нивната настава, научна и кадровска политика – рече Атанасов.

Тој потенцираше дека со законот се создадени услови државните универзитети вистински да се реформираат, не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку подемократско и потранспарентно управување во кое одлучувачки фактор ќе бидат професорите, нивните матични институции и студентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...