Атанасов заменик-министер за образование, Калеска Ванчева нова пратеничка од СДСМ

911

Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август.

На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

На местото на Атанасов, во собраниските клупи треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...