Атанасов: Доста сме заложници на една забегана политичка групација

771

Пратениците од владејачките партии и опозицијата на собрансиката Комисија за европски прашања денеска изнесоа различни ставови дали амандманската расправа за Изборниот законик почнала или не.

Претседеталот на Комисјата Артан Груби рече дека со повлекување на првиот амандман од технички причини од страна на Данев, расправата е почната. За Данев тоа не е така и побара тоа да се потврди од стенограмите.

Висок тон имаше и меѓу пратениците Петар Атанасов од СДСМ и Невена Стаменкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Атанасов рече дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски е амнестија на криминалот на нивната партија и судбината на Никола Груевски.

– СДСМ како одговорна и државотворна партија има обврска да ја обезбеди идината на Македонија. Никој не смее и нема да им го ускрати правото на реферндум на граѓаните слободно да одлучуваат за својата иднина. Им се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема да остане заложник на нивниот криминал. Граѓаните ќе го кажат последниот збор на референдум – ќе кажат да за европската иднина иднина и влез во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ  добро знае дека Договоорт ја носи Македонија напред, но, нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста, рече Атанасов.

Тој посочи дека целта на измените на Изборниот закон е да се одблокира политичкиот процес во РМ.

– Доста сме заложници на една забегана политичка групација. Зошто колегите од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат политички дијалог, зошто не сакаат расправа по овој закон, рече Атанасов и побара да се одблокира процесот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...