Кенискиот атлетичар Асбел Кипроп не помина на допинг тестот за забранетата супстанција ЕПО, меѓутоа тврди дека станува збор за грешка во примерокот.
Олимпискиот шампион од Пекинг во 2008 година и трикратен светски шампион на 1.500 метри, е тестиран надвор од натпреварувањата во 2017 година и во неговиот организам била откриена супстанцата ЕПО (Еритропоиетин).
Кипроп соопшти дека е информиран за обвинувањата на негова снетка, но тврди дека дошло до грешка при тестирањето.
– Не сакам да уништам се што градев од својата прва меѓународна трка во 2007 година. Се надевам дека ќе можам да докажам дека сум чист спортист во секоја смисла – истакна кенискиот атлетичар.
Во последните пет години над 40 атлетичари од Кенија беа позитивни на забранети супстанции.
Фото: EPA/VIDAR RUUD