Архиепископот г.г. Стефан го крштевал синот на лажниот принц ФОТО

918

Премиерот Зоран Заев не е единствениот висок македонски претставник кој се сретнал со „принцот”. Архиепископот г.г. Стефан го крштевал синот на лажниот принц на Црна Гора и Македонија.

Како се случило првиот човек на МПЦ-ОА да биде дел од оваа церемонија и да не забележи дека лажниот принц се декларира за принц на Македонија, не им е јасно ни на дел од владиците членови на синодот, кои не можат да поверуваат на информацијата.

Тој специјално од Скопје заминал во Охрид да го крштева синот на лажниот принц.

Измамникот кој бил уапсен во Италија во минатото, претходно имал средба со премиерот во зградата на Владата. Како што веќе објавивме, Чернетиќ постирал и фотографии од пред зградата на Владата и напишал: „Бевме љубезно поканети оваа недела во Скопје за да дискутираме за дипломатски проекти во Палатата на Владата. Македонија расте толку бргу и е одлична прилика за инвеститори, туризам и бизнисмени“, напишал Чернетиќ.

Од Владата вчера одговорија дека претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев има остварено неофицијална средба од неформален карактер со лицето Стефан Чернетиќ, во рамки на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...