Археолошкиот музеј од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.
– Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници – наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј.
Оттаму потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.