Артичоки, сипи со боб, морски полжави, но и вкусно јагнешко

Штајун или во слободен превод од хварскиот дијалект – сезона, е името на новиот ресторан на шеф Хрвоје Томичиќ и неговиот партнер Франко Жувела. Тука се служат само сезонски, домашни, производи и традицинални јадења, оние кои ги јаделе старите, и кои ги јадат и тие дома. „Дома не јадеме зубатац и шанпјер, јадеме риби кои се малку потценети, како мол, ослиќ, гоф, лист, риби кои не спаѓаат во прва категорија, но се прва класа“, вели шеф Хрвоје.

854

Ова е прва сезона на хварскиот ресторан „Штајун“ или во слободен превод од хварскиот дијалект – сезона или време, на шеф Хрвоје Томичиќ и неговиот партнер и пријател од детството Франко Жувела.

Овој симпатичен мал ресторан за разлика од оние на хварското шеталиште со поглед на море, но и со поглед на содржината на вашата чинија, е во едно поинтимно и повеќе зелено, отколку сино опкружување, но морето е тука присутно на поинаков начин. Можете да го намирисате, да го вкусите, но не и да го видите. Од ова прекрасно катче во една од малечките карактеристични хварски улички, а сепак близу до центарот на градот, имате преубав поглед кон Хварската тврдина и ѕвезденото небо.

А сѐ наоколу е специфично за овој крај, па и она што тука го имаат на менито, е речиси сѐ хварско, локално, сезонско, традиционално, домашно, и здраво.

Заедничкиот ресторан кој го отвориле на 1.мај планираат да работи токму како што вели и неговото име – сезонски.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...