Артан Грби се повлече од Комисијата за селекција на кадри во УБК

351

Пратеникот Артан Груби се повлече од Комисијата која треба да ги селектира кадрите од УБК .

Неколку часа откако беше избран, тој преку писмено соопштение најави дека „поради преголеми обврски не можам да учествувам во работата на оваа комисија“.

„Во врска со  Заклучокот на Комисијата за надзор  над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, донесен на Шестата седница на Комисијата, оддржана на 25 јуни 2019 година, во кој сум предложен,  да учествувам  во работата на Комисијата за селекција  и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во миожност да учествувам во работата на оваа Комисија“ напиша Груби.

Тој и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Трајче Димков беа избрани да учествуваат во Комисијата за селекција на кадрите. Освен пратеници, во Комисијата треба да учествуваат и двајца членови од МВР, двајца од Синдикатот, и директорот на Националната агенција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...