Арсовски: Шилегов со хрватски партнер со кримнинално досие во Скопје ќе носи опасно ѓубре

766

Петре Шилегов се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија. Со оглед на сомнителното минато и бизниси на партнерите кои ги одбра Шилегов постои сериозна загриженост дека најрадиоактивното и најопасно ѓубре од странство, може да се носи и рециклира токму тука во Скопје и со тоа да ги труе сите скопјани, обвини Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Шилегов и Град Скопје во скопската депонија како партнери внесуваат конзорциум од германска, хрватска и македонска фирма, патем македонската фирма е со хрватски капитал, но со сомнителни сопственици со криминално досие за кои се водат истраги и за кои има кривични пријави во Загреб, односно Хрватска. Прашуваме, дали е точно дека нов партнер на Шилегов како градоначалник на Градот Скопје, ќе биде контроверзниот хрватски бизнисмен Петар Припуз, сопственик на хрватската компанија за рециклажа на отпад ЦИОС. Дали е точно дека за истиот Петар Припуз се водат повеќе случаи за корупција, даночно затајување, како и оштета на градот Загреб, каде што заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ беше уапсен пред извесно време – вели Арсовски.

Според него, партнерот на Шилегов, Припуз, се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина отпадот бил купен од негова страна.

– Ги повикуваме сите граѓански организации, сите надлежни институции, министерството за животна средина и останатите, да го запрат во намерите Петре Шилегов, бидејќи се работи за животот на сите скопјани. И онака Градот Скопје е најзагаден град во светот, не ни треба и ефективно труење од рециклажа на најопасниот отпад од кој што ќе се увезува од странство – вели Арсовски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...