СДСМ за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок десетици милиони евра? Дали Мила Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ Шаип Зењели? Или, според нас најдобро е и двајцата да си дадат оставки, а Јавното обвинителство да отвори случај и да ги сослуша и актуелниот директор на ПИОМ и министерката на СДСМ Мила Царовска. Дали Царовска се обиде да ги прелаже пензионерите за својот неуспех како министер и вината да ја префрли кај коалициониот партнер од владата ДУИ и кај нивниот директор поставен Шаип Зењели? Ова е голем скандал за кој е одговорна директно владата. Главното прашање е дали има проневера, колкава е проневерата и кој ја извршил проневерата со парите од пензискиот фонд – вели Арсовски.