Арсовски: Ременски на промоцијата на Меѓународен сојуз ветила дека ќе лобира и влијае каде што ќе може

519

За што ја искористила својата функција Фросина Ременски изминативе две години како потпретседател на Собрание на Република Македонија и потпретседател на СДСМ, а во насока на влијание и лобирање за потребите на „Меѓународен сојуз“, праша денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– За што влијаела и за што лобирала онаму каде што можела? Гледаме дека стратегиите и проектите на Боки 13 со сите инволвирани во Меѓународниот сојуз биле со единствена намера да рекетираат. Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана. На ден 22 јуни 2017-тата година Фросина Ременски, беше промовирана како почесен претседател на Меѓународниот сојуз. На истата таа промоција истата Фросина Ременски рече, цитирам: „Јас ќе ја искористам максимално функцијата во лобирање и влијание итн.“ – вели Арсовски.

Тој прашува дали Ременски учествувала во смислувањето на тие проекти за рекет на Боки 13?

– Пари во меѓународниот сојуз има милиони, резултати и проекти нема. Парите извадени од сметка, нормално. Дали тоа се парите за кои влијаела максимално и лобирала Фросина Ременски и каде завршиле истите пари дадени од бизнисмените најверојатно како „Рекет“? Изминативе две години логично е да се поднесени две завршни сметки за работата на Меѓународниот сојуз, за 2017 и 2018-тата година. Дали Фросина Ременски не знае и не учествувала во финансиските извештаи каде што е почесен претседател, за што и како се потрошени извадени парите, дадени од бизнисмените на „Меѓународен сојуз“? Просто невозможно и неверојатно да не знае и да не е запознаена. Очигледно дека единствена обврска на Вилма Русковска е да се заштити криминалот на врвот на СДСМ и Заев, инволвирани во случајот „Рекет“, а целиот случај да се сведе само на Боки 13, за кој целата држава знае дека не може и не е способен сам да го направи целиот овој рекет сам – додава Арсовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...