Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, кој е десна рака на Зоран Заев, пред само неколку дена јавно на прес конференција проба да ги амнестира сите инволвирани политичари во случајот „Рекет“, изјавувајќи дека немало инволвирани политичари.Само неколку дена потоа излезе документ од исказ за кој самото обвинителство на Јовевски и на Русковска потврди дека е автентичен и со самото тоа потврди дека според исказот на оштетениот вмешани се целиот политички врв на СДСМ вклучително и Зоран Заев, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Истрагата се води штуро, без потребен интензитет и непрофесионално. Јавното обвинителство се занимава со сѐ, само не со тоа што треба, а тоа е да ја сведе истрагата експедитивно до самиот крај и да се разреши целиот случај во корист на граѓаните. Сега во моментов им е поважно како излегол документот, и дефокусираат, а не има е важно да ги повикаат сите оние инволвирани на распит да го дадат својот исказ за својата вмешаност – рече Арсовски.
Тој додаде дека цели 4 месеци Русковска не повикува никого на распит. За разлика од тоа, во случајот со 27-ми само со еден исказ беа притворени луѓе.
– Начинот на кој Зоран Заев ја опструира професионалноста на истрагата и пробува да ја управува по свој терк е само уште една потврда за неговиот, страв, очај и инволвираност во целиот случај „Рекет“. Зошто сѐ уште не е повикан Зоран Заев на распит? Зошто сѐ уште не се повикани на распит целата фамилија Ременски? Зошто сѐ уште не е притворен синот на Катица Јанева, за кој што видовме дека имало директна вмешаност во целиот случај? Зошто сѐ уште не е повикана на распит Радмила Шекеринска, да каже што разговарале кај Боки 13? Кои се други се вмешани во целиот случај на „Рекет“? Кога ќе бидат повикани на распит сите овие луѓе? Дали Заев, Русковска и Јовевски сакаат да ја забошотат целата истрага, на тој начин со кој што ќе ја развлечат, и всушност нема ништо да направат – рече Арсовски.
В