Во однос на парите кои што ги обезбеди за референдумска кампања Владата, можам само да констатирам дека и понатаму продолжува Владата да се однесува насилно исто како што се однесуваше насилно за изгласувањето на референдумот и референдумското прашање, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање дали партијата ќе искористи пари што Владата ги обезбедила за собранието за референдумската кампања.
– Од проста причина што не може без ребаланс на Буџетот да додели огромни средства за кампања која што најверојатно ќе биде искористена за себе промоција на СДСМ, за добивање поддршка и поен повеќе политички кај народот, се со цел да се прикрива овој капитулантски договор кој што го потпишаа. Многу голема е веројатноста дека парите кои што ќе бидат поделени на фирмите за да изработат дел од кампањата, подоцна ќе се реваншираат и ќе ја искористат за партиски цели за некои од наредните изборни кампањи на СДСМ – рече Арсовски.