Арсовски непоколеблив: Ајде тужи Кирацовски, ќе се видиме на суд!

Кирацовски ќе го тужи Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, бара јавно извинување

2449

По најавата дека пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, ќе го тужи Димче Арсовски, потпаролот од ВМРО-ДПМНЕ и дека бара јавно извинување, се огласи Арсовски на својот Фејсбук профил, со порака: Ајде тужи Кирацовски, ќе се видиме на суд!

Кирацовски испратил демант и барање за извинување и јавно повлекување на изјавата на Арсовски, за прес-конференцијата одржана на 6 септември, во која Арсовски прашува за што и кај кого сè му посредувал Кирацовски на Боки 13.

Еве што напиша Арсовски на својот Фејсбук профил:

„Прво и основно што Кирацовски не го знае за мене е дека не се плашам од никого, а најмалку од него за да поставам јавно прашања во интерес на вистината и граѓаните и најмалку фамозниот Кирац ќе ме заплаши 🤔

Второ, во длабок очај на еден давеник во сомнеж за криминал до гуша се препознава закани за тужби и тука на дело се гледа задушување на слободата на говор е во Република Македонија 🚫🤭 Сепак личи тоа на СДСМ

Трето, ајде Кирацовски биди мажиште – не мажуле, свесно чекав да изминат 48 часа, ве чекам да тужите заедно со адвокатов твој, подготвен сум да ги соочиме аргументите на Суд, иако е под ваша контрола.

Да знаеш дека ќе ти ги поставам истите прашања од пресот и повторно ќе ја констатирам твојата блискост со Боки 13, документирана преку слики.
Повели тужи, ама ако не тужиш, на јавноста уште еднаш ќе и потврдиш дека само сакаш да се закануваш и да цензурираш и дека си заглавен до гуша и сé ова го правиш во очај.
Јас сум подготвен и ја чекам тужбата уште денес. Вистината е на моја страна!“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...