Арсовски: Катица и нејзиниот син до сега требаше да бидат во притвор

378

Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана. Според признанијата на обвинителката Русковска, Катица Јанева до сега требаше да биде сослушана и да биде заедно со нејзиниот син во притвор – вели партискиот портпарол Димче Арсовски.

Тој потенцираше дека во моментов додека Катица Јанева, како што рече, се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се останато.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...