Арсовски: Како прислушуваните материјали стигнале кај Стојановски

360

Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев секој ден го покажува своето лице и своите методи на застрашување кон граѓаните и сите останати. Ова е вистината за СДСМ, а не лицемерието кое им го продаваат на граѓаните за европски вредности кои наводно ги поседуваат, а воопшто не ги поседуваат, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера јавноста беше сведок како градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар јавно пред ученици, на работно место им се заканува на просветни работници и ги омаловажува на најдрзок начин. Шерифлукот на СДСМ е многу посериозен од обична расправија како што тврди МВР кое што се обидува да го релативизира случајот. Стојановски тврди дека ги прислушкува граѓаните, дека го следи нивното движење и врши притисоци со бомбите на Зоран Заев. Ова е клучното прашање. Како стасале материјалите од нелегалното прислушкување до лик како што е Марјанче Стојановски од Демир Хисар – рече Арсовски и додаде дека очекува овој скандал ќе биде разјаснет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...