Арсовски: Заеви имаат 3 фирми во Петрич, Бугарија

326

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека безобразно ја лажел македонската јавност пред неполна година оти нема фирми во странство.

– Зоран Заев тогаш велеше дека сѐ што има му е во Македонија и дека нема компании во странство. Е ова почитувани, е бесрамно лажење на Зоран Заев. Вистината вели дека Заеви имаат 3 фирми во градот Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса. И тоа фирмата за градежништво „Гомасиндра“ која од август 2018 е во сопственост на братучедот на премиерот, Трајче Заев, фирмата за транспорт и логистика „Ориент Груп“, основана од Вице и Славица Заеви, па потоа преземена во декември 2018 година од Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев и третата фирма, тоа е фирмата за транспорт и логистика, „Радиша трејд“ во сопственост на зетот на премиерот, Радиша Бојовиќ Заев. Внимавајте три фирми на Заеви со слична дејност, формирани речиси во ист период, на една адреса во Петрич, Република Бугарија – рече Арсовски.

Тој прашува зошто Заев лажел за постоењето на фирми во странство во сопственост на кланот Заеви.

– Постои основан сомнеж дека овие фирми не се туку-така формирани, туку дека целта е да се прават преку нив матни зделки и криминал – додаде Арсовски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...