Арсовски: „Еко клуб“ за една година добила 60 тендери од Владата

323

СДСМ и Зоран Заев обидувајќи се фирмата „Еко клуб“ од Битола и целиот скандал да го префрлат на штета на ВМРО-ДПМНЕ, испадна дека истата таа фирма земала милионски суми тендери од Владата на СДСМ, а само последната година над 60-тина договори за тендери земала фирмата „Еко клуб“ од државата и институциите во вредност од над 130 милиони денари, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– ЈП за државни патишта, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и многу други институции биле дел од институциите кои доделувале тендери на фирмата „Еко клуб“ Битола. И малите деца знаат дека не смее тендер да биде доделен без да знае Заев или некој од СДСМ – додаде тој.

Арсовски праша, каде е одговорноста на Заев и функционерите на СДСМ што при вакви наводни докази за криминал, даваат тендери на истата таа фирма која ја обвинуваат за сериозна вмешаност во криминал со труењето на граѓаните?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...