Арсовски: Градоначалникот на Демир Хисар ем шут, ем боде ВИДЕО

375

 СДСМ владее криминално и на централно и на локално ниво. Не може да се очекува ништо поинаку од соработниците на човек кој е три пати аболициран и кого целата јавност го виде како јавно бара поткуп од едно евро за Вицето, реагира Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ.

-Уште колку треба да ја посрамотат земјава и уште колку треба да го ограбат народот за да се понесе одговорност за скандалите. Градоначалникот на Ново Село се уште е човек кој ни помалку, ни повеќе беше фатен како шверцува цигари! Сега СДСМ бега и од скандалот со градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски како ѓавол од темјан. Причината е повеќе од јасна. Градоначалникот со својата скандалозна изјава открива сомнежи дека СДСМ има организирана партиска структура во МВР кои вршеле прислушкување и следење на граѓани, во случајов наставнички од едно основно училиште само затоа што се противеле на прераспределување – рече Арсовски на денешната прес конференција.

СДСМ, вели Арсовски, очигледно ја штити ваквата сталинистичка метода и допушта градоначалникот на Демир Хисар уште и да се заканува на сите медиуми кои објавија за овој скандал.

-Што би рекол народот ем шуто ем боде, а тоа СДСМ го допушта. Граѓаните со свои очи видоа и со свои уши слушнаа како градоначалникот вика сред училница пред ученици: „Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ги слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натака“. Ова е СДСМ на дело, прислушкува, се заканува, врши притисок и се заканува со тужби. Ако ова го прават за еден протест за прераспределба на учителки, јавноста само може да замисли што прави СДСМ со вработените во администрација пред избори или пред референдумот за овој капитулантски договор – додаде Арсовски.

Тој го повика обвинителството да реагира бидејќи постојат сомнежи дека се прекршени редица членови од Кривичниот законик, но пред тоа градоначалникот да си поднесе оставка за да не ја спречува истрагата и да не врши притисок врз сведоците.

-Зоран Заев патем треба да одговори дали градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар имал пристап до нелегално прибавените разговори, дали ги слушал или како член на МВР учествувал во партиска структура која вршела и можеби се уште врши прислушкување? Граѓаните не смеат и нема да бидат заложници на овој криминално-удбашки картел кој е на власт – додаде Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...