Се тресеше гората во СДСМ, се роди глушец. Цел еден месец Зоран Заев, СДСМ и сите нивни сателити ги малтретираа граѓаните дека СДСМ ќе го зафаќала метлата, ќе го реформирале, а всушност деспотот Заев си го реизбра истиот Извршен одбор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа владејачката партија избра дел од новото раководство.
– Старо-новиот извршен одбор на Зоран Заев во СДСМ од 16 назначени членови, 10 се истите од претходниот пат. Во глобала, сѐ е исто во СДСМ само Кирацовски го нема. На местото на Кирацовски назначен е најнеспособниот министер за земјоделие кој изминативе две години плукна на маката на земјоделците – вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој потсетува дека меѓу старо-новите членови кои останале во ИО се Петре Шилегов, Благгој Бочварски, Стефан Богоев, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Рената Дескоска, Есра Салихи, Ѓоко Танасковски, Кети Василевска и Нина Велкова.
При ваква реконструкција во партијата, вели тој, веќе е јасно каква ќе биде реконструкцијата во Владата. Од лошо – полошо.