Арсовски во „Само вистина“: Опозицијата не кажува како до ЕУ и НАТО

802

Да бевме нормална држава претседателот требаше сега да е во затвор, изјави вечерва политичкиот аналитичар Петар Арсовски, кој во вечерашниот дуел со универзитетскиот професор и аналитичар Љупчо Ристовски разговараше за спогодбата меѓу Македонија и Грција.

– Каков компромис може да имате со некој што по сите правила треба да биде во затвор – смета Арсовски, според кого претседателот Иванов е тој што го крши Уставот, не потпишувајќи ги Законот за јазици и Договорот.

Ристовски, пак, смета дека доколку тие се објават во Службен весник без потпис од претседателот, Џафери ќе биде тој што го крши законот.

И Арсовски и Ристовски не се впуштија премногу „тврдо“ во очекување како би се финализирал целиот процес бидејќи сѐ уште се надеваат на вистинско лидерство и култура на политичкиот дијалог меѓу сите чинители од државно владиниот врв за да се излезе од оваа ситуација на крајно антагонизирање не само по политичка основа, туку и на македонскиот народ.

Арсовски смета дека опозицијата нема јасен ориентир и не кажува како до ЕУ и НАТО и само кажува што не сака, а не и што сака и како би го реализирала она што го сака.

– Таа заедно со своите приврзаници е чекор назад или скалило подолу од власта и нејзините поддржувачи кои се чекор напред или скалило погоре – вели Арсовски.

За разлика од него, Ристовски настапи со попесимистички очекувања, но и ја подучи власта дека треба убаво да го искомуницира доброто од договорот со Грција за да ја придобие довербата на граѓаните и дека според него владата добро издејствувала во договорот за јазикот, националноста и за придавката македонска/о.

Погледнете ја дебатата на „Само вистина“:
https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/2003505253022751/?type=3&comment_id=2002812179758725&notif_id=1530532044119607&notif_t=feedback_reaction_generic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...