Пратеникот кој е обвинет за 27 април, Љубен Арнаудов во изјава за Плусинфо вели дека планот му е прво да се косултира со неговиот адвокат за да види што во пракса ќе значи амнестијата и потоа да одлучи дали ќе побара од судот да бие амнестиран.
– Иако лично треба да се донесе одлуката сега не можам ништо да коментирам, бидејќи ми е важно мислењето на адвокатот со кого утре ќе се сретнам – рече Арнаудов.
Пратеникот вели дека сака прво да добие толкување од адвокатот дали според Законот кој синоќа го изгласаа, тој влегува во лицата за кои важи амнестијата. Доколку адвокатот му протолкува дека тој е во таа група и ако, како што вели, амнестијата е законска и издржана, тој не би бил против. Но, од друга страна вели ако побара амнестија тоа ќе значи дека признава вина и токму и за ова повторно сака да разговара со неговиот адвокатот пред да одлучи.
– Јас лично знам дека ништо не направив. Во тој момент се затекнав во Собранието, нѐ понесоа емоциите, но јас цело време разговарам по телефон со членови од моето семејство, бидејќи тие беа загрижени од тоа што го гледаат. Ако тоа е вина, тогаш јас сум виновен. По консултации со адвокатот ќе го изберам најдобро решение – вели Арнаудов.