Армијата се поднови со пет нови инженериски машини

294

Две ровокопачки, еден ваљак, еден утоварувач и една комбинирка, се првите пет инженериски мажини, од планираните 15, кои денеска беа презентирани пред Инженерискиот баталјон во касарната „Илинден“. Инвестицијата чини 138 милиони денари, а состанатите машини треба да пристигнат во првиот квартал од наредната година.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при увидот на новите машини рече дека инженерискиот дел од нашата армија е една од причините зошто граѓаните имаат голема доверба во припадниците на армијата.

– Кога се случуваа различни природни катастрофи, армијата беше присутна на терен со луѓе, но требаше да биде присутна и со конкретна опрема. Добив информација дека целата иженериска единица е оставена практично без ниту едно возило, без финкционална машина. Благодарение на многу труд на ГШ успеавме прво да обезбедиме пари, потоа да завршиме набавка и да докажеме дека ветувањата покажуваат резултати – истакна Шекеринска.

Командант на Инженерискиот баталјон потполнковник Арбен Јакупи информираше дека со оваа набавка ќе се зголеми оперативната способност на единицата со која тој раководи, а воедно, како што рече, ќе се даде максимална поддршка на командите и единиците на армијата. Според него нашата армија ќе биде по претставителни во меѓународните активности и вежби за оценување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...