Рускиот Арктик може да стане еден од најголемите светски центри за складирање на податоци за меѓународните компании, изјавил проектниот офицер за развој на Арктик, академик Александер Воротников.
Тој за агенциите изјавил дека бројни меѓународни компании, како Фејсбук, имаат центри со податоци во близина на поларниот круг.
– Русија има голем потенцијал на природен студ, која е неопходна за работа на центрите за податоци – навел Воротников и додал дека одделни рењгионални власти понудиле на инвеститорите територии за организирање на складишта за податоци.
Тој рекол дека Русија има и правна база за развој на тој проект.
Кон крајот на јуни Русија го усвои законот кој го регулира механизмот за соработката помеѓу јавниот и приватниот капитал во ИТ технологијата.
На Арктикот веќе постои складиште во кој се чуваат семиња на билки.