Аријана Коскарова и Бојан Коскаров со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub зе најдоа на листата „30 под 30” за 2019 година на магазинот Форбес. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории.
Во категорија социјално претпримаштво се избираат млади кои преку своите бизнис идеи прават општествено добро, а Creative Hub во Македонија токму преку 5П концептот го подобрува образовниот систем и дава можност за стекнување на вештини и компетенци кои се бараат на пазарот на труд денес.
Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.
Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.
Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, Камила Кабело, францускиот фудбалер Де Канте, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.
Ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од „Групер” и Жаре „Еден на Еден”.