Компаниите ги издржаа страншни кризи- ембарга, конфликти, се покажаа доволно жилави да опстанат, но покажаа и дека тешко се прилагодуваат на новото време. Тоа го покажаа и со својот однос кон арбитражата која треба да биде нивна алатка за побрзо решавање на споровите, изјави претседателот на Стопанската комора , Бранко Азески на денешното отворање на меѓународната конференција „Зајакнување на соработката помеѓу бизнис партнерите преку унапредување на арбитражното решавање на споровите- арбитража денес, иницијативи и можности“.
Конференцијата ја организираат Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со поддршка на регионалниот меѓувладин форум Централно – европска иницијатива (ЦЕИ).
Азески оцени дека арбитражата е проект на Стопанската комора кој може да се рече е неуспешен, оти не ги има достигнато ефектите кои биле очекувани.
– Ние сме само на почетокот на воспоставување на оваа значајна алатка за компаниите.Но ние направивме се што е потребно за да функционира. Компаниите се тие што се одговорни за вкавата состојб. Но ние не се откажуваме имаме моќна упорност и ќе ја употребиме за да го направиме овој чекор прифатлив за компаниите – рече Азески.
Тој, како што рече, жали што компаниите наместо да ја користат оваа поевтина и далеку поефикасна алатка за решавање на споровите, одат , како што рече, во најлошиот дел општеството- правосудството.
Претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора, Горан Рафајловски пак, смета дека главна причина што компаниите не ја користат арбитражата е токму недовербата кон судскиот систем во земјата, но и негартивниот однос на адвокатската фела кон арбитражата .
– Тоа го покажуваат бројките. Лани во судовите се воделе 1.600 стопански спорови. Но, порано во судовите имаше пи 20.000 спорови.Сега компаниите посегаат по сите можни решенија на спорот пред да се определат да го решаваат на суд, па и воопшто не одат на суд бидејќи не веруваат дека ќе биде решен. Од друга страна пак адвокатите полесно го бираат судот за решавање на споровите бидејќи можат и да го одолговлекуваат решавањето на спорот- вели Рафајловски.
За него е неразбирливо зошто компаниите и покрај тоа што се информирани за благодетите кои ги дава арбитражата се уште пружаат отпор кон оваа алатка за решавање на споровите.
– Поединечно работиме со секој компанија и едвај успеавме 100 од нив да ја стават арбитражата во клаузулите за решавање на споровите. Но ние сме упорни и очекуваме за 4 до 5 години состојбата да се подобри бидејќи со интензитетот со кој работиме на проблематиката последните години може да се очекува битно подобрување – вели Рафајловски.
Тој , како што рече, очекува интензитетот на активностите да биде проследен со повисок износ на финансиски средства кои се потребни за развој на арбитражата. Очекува и зголемување на бројот на спорови кои ќе се решаваат арбитражно., бидејќи сега годишно се решаваат само по 10 спорови.
Членот на Постојаниот избран суд – Арбитража и арбитер, Мери Младеновска смета дека компаниите треба да ги имаат предвид позитивните страни кои им ги нуди арбитражата.
– Доверливоста, брзината, времето кое се троши за решавање на спорот како и првостепеноста при одлучувањето- вели Младеновска.
На конференцијата која се одржува денеска и утре, се одржуваат пател дискусии за искуствата на арбитражата во светот и позитивните страни на арбитражата.Гости дискутанти се експерти од замјава, од Романија и од Италија како претставници на познати адвокатски канцеларии кои решаваат спорови преку арбитража.