Арачиновец сакал да одлета од скопскиот аеродром, а бил на листата за апсење

274

На 10.02.2020 во 18.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција, било констатирано дека Ф.Р.(28) од с.Арачиново, Скопско, се наоѓал на листата со мерка „апси“, по барање на Основен суд Скопје 1, поради сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за спровод до Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...