Струмичката полиција го привела 29-годишниот Б.А. од скопското село Арачиново, поради тоа што на регионалниот пат помеѓу струмичките села Куклиш и Свидовица, при преглед на камионот со којшто управувал, биле пронајдени 36 мигранти.
Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) и информираше дека станувало збор за двајца мигранти од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија.