Апокалиптични сцени од ерупција на вулканот Фуего, лавaта течела по улици, има изгорени(ФОТО)

- Не успеаја сите да избегаат, мислам дека останатите се затрупани под лавата - изјави Конзуел Хернандез, секретар на Агенцијата за катастрофи на Гватемал.

637

Река од лава од вулканот Фуего во Гватемала го загрози селото Родео, има повредени, изгорени и мртви луѓе, соопшти Агенцијата за катастрофи на Гватемала.

Најмалку 25 лица загинаа, а 300 беа повредени во Гватемала откако еруптираше вулканот Фуего, исфрлајќи вжештена лава, густ црн пепел, кои како дожд паѓале на главниот град Гватемала Сити и други делови во таа централноамерикарската земја, јавуваат светските агенции.

Лавата течела по улиците

Една жена покриена со пепел им кажала на новинарите дека лавата се излеала низ полињата со пченка и дека стравува дека бројот на мртви е поголем.

– Не успеаја сите да избегаат, мислам дека останатите се затрупани под лавата – изјави Конзуел Хернандез, секретар на Агенцијата за катастрофи на Гватемала, на локалната медиумска куќа Диарио де Центроамерика.

Додека лавата течела низ улиците спасувачките екипи оделе од куќа до куќа да видат дали има останати заробени жители.

Ерупцијата предизвика затворање на единствената патека на меѓународниот аеродром Ла Аврора во Гватемала Сити. Управата за цивилна воздушна пловидба Гуатемни извести дека пистата езатворена поради вулкански пепел, за да може да се гарантира безбедноста на патниците и авионите.

Вулканот се наоѓа на 40 километри југозападно од главниот град, во близина на Антугју, град познат од колонијалниот период, денес популарен поради туризмот и плантажите на кафе.

Огромни облаци од дима можеа да се видат од различни делови на земјата, а пепелта што падна во четири гватемалски региони, го вознемири населението. Властите од граѓаните бараат да останат мирни.

Гласноговорник на Агенцијата за спречување на национална катастрофа Дејвид де Леон изјави дека промената на насоката на ветрот е крива за паѓање на вулканскиот пепел врз разни делови од градот, пренесуваат агенциите.

Today The Guatemala Fuego Volcano
Erupted. At Least Six Dead and Over 20 Injured.
La Aurora Airport In Guatemala Is Now Closed Due to Volcanic Ash. Flights to USA Have Now Being Cancelled.

Pray For All In Guatemala Today. 🙏#Fuego #Volcano #Guatemalapic.twitter.com/2V7Z8ToT1G
— ~Marietta (@MariettaPosts) June 4, 2018

WTF… This is what people in #Guatemala 🇬🇹 saw after the Fuego volcano erupted less than an hour ago.

Deaths have already been reported. pic.twitter.com/9DbToOQl5z
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 3, 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...