Аплицирајте за субвенции за печки на пелети

3281

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети, соопшти Градот.

За да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 7.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет врска:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Javen%20povik%20pecki%20na%20peleti%202019.pdf

Барањето за граѓаните може да го превземете од следната интернет врска:

https://docs.google.com/document/d/1cz_WVbVe_2hOYLaOev9sFjQ_5c2O4xW_LqT2DgWLA0o/edit

Барањето за потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за недвижниот имот може да го превземете од следната интернет врска:

https://docs.google.com/document/d/1cz_WVbVe_2hOYLaOev9sFjQ_5c2O4xW_LqT2DgWLA0o/edit

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...