Апликацијата на група млади луѓе од Македонија, од тимот Systems4Enterpise, прилагодија апликација за полесно координирање на волонтери во Грција по катастрофалните пожари.
Апликацијата оригинално беше создадена за време на поплавите во Скопје во 2016 кога помогна во координирање на стотици волонтери. Тимот на Systems for Enterprise кој ја изработи апликацијата се надева дека веста за нејзиното постоење брзо ќе се прошири во Грција и ги замолува сите да ја споделуваат.
Како функционира HelpMark.me – GR ?
- Луѓето од погодените подрачја пријавуваат потреба од помош на локацијата на која се наоѓаат. Може да пријават потреба од: храна, лекови, алишта, пелени…. По одбирањето на нивните потреби, можат да остават коментар за дообјаснување. Со пријавување на потребите, се креира маркер на нивната локација.
- Волонтерите ги гледаат овие маркери и можат да се пријават за опслужување на истите. Ако некој се пријави за опслужување на маркерот, истиот ќе биде со статус “има пријавено”. Доколку во рок од 12 часа маркерот не е опслужен, истиот се враќа во стаутс “потребна помош”. Кога маркерот е опслужен истиот се брише од мапата.
– Тим од нашата компанија замина да помага во Стајковци и видовме дека за волонтерите е многу тешко да ги определат потребите на настраданите. Се правеа списоци и тешко одеше да ги најдеме погодените само со адреси. Ниту домовите не беа соодветно обележани, ниту пак можевме да добиеме половина од телефоните кои што требаше да ги добиеме. Така се роди идејата за оваа апликација. Ние искрено се надеваме дека нашата платформа ќе им овозможи на сите хумани луѓе брзо и лесно да ја понудат својата помош и да покажат солидарност со жртвите на оваа катастрофа. Во моментов таа им е најпотребна на Атињаните. Се надеваме дека вакви катастрофи ќе не избегнат во скора иднина и нема да треба да ја преведуваме апликацијата на некој друг јазик” – вели Стефан Митески од Systems for Enterprise.
ФОТО: EPA/ALEXANDROS VLACHOS
Линк до апликацијата: https://play.google.com/store/